Еурофарм Пелистер од утре ќе настапи на најстариот ракометен турнир во нашата земја – Струшкиот ракометен турнир. Нашиот клуб тринаесет пати го освојувал овој турнир.
Настапот оваа сезона го најавија тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски.
Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Се надевам и посакувам да бидат на располагање сите играчи. Повеќе од 35 гидини го следам овој извонреден турнир. Сум учествувал и сум бил во сите улоги, од трибините како навивач, играч и сега првпат како тренер ќе бидам учесник на овој турнир. Познато ми е скоро секој детаљ за турнирот и би посакал да биде еден вид водилка на нови ракометни таленти и му посакувам долга и здрава вечност.
Што се однесува до натпреварувањето, фаворити сме во групата и тоа ќе го покажеме на терен. Секој ја гледа шансата да го освои трофејот на овој турнир, па така и ние. Ќе биде интересно до последен момент но сепак ние сме најголеми фаворити.
Филип Кузмановски
(капитен на Еурофарм Пелистер)
Работевме напорно на овие подготовки. Во екипата има добра хемија, новите играчи се вклопија добро и многу брзо. Ме радува тоа што сме сите заедно како едно семејство.
Сакаме да го освоиме турнирот и да ја почниме сезоната со пехарот од Струга. Мислам дека ќе ни значи многу за самодовербата на почетокот од сезоната. Се надевам дека ќе имаме голема подршка во Струга и од нашите навивачи.