b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_04_rakomet-ls-kielce-eurofarm-pelister-20.jpg

Започнува претпродажбата на сезонските билети за натпреварите на Еурофарм Пелистер. Во пресрет на отпочнувањето на новата ракометна сезона 2024/25 дозволете да ве известиме за деталите поврзани со билетите за натпреварите на нашите две екипи во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Во следните шест дена им даваме приоритет на сезонските претплатници од минатата сезона (2023/24), кои имаат можност да ги задржат своите места и за оваа сезона. До среда, 14 август 2024 година, сите сезонски претплатници од минатата сезона ќе може да си го задржат своето место на домашните натпревари на Еурофарм Пелистер во сите натпреварувања во спортската сала „Боро Чурлевски.

Потврдата за задржување на сопственото место во спортската сала „Боро Чурлевски“ испратете ја на клупскиот мејл - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со напомена на вашето име и презиме и местото на трибината.

ените на сезонски билети за натпреварувачката 2024/25 година за сите натпревари во сите натпреварувања ќе изнесуваат:
6.500 денари (Централни позиции - јужна и северна трибина)
5.500 денари (Странични позиции - јужна и северна трибина)

Што добивате со сезонскиот билет ?

* Ваше загарантирано место и присуство на сите натпревари во сите натпревари на домашен терен на РК Еурофарм Пелистер.
* На сите натпревари влегувате на посебен влез без гужви и чекање.
* Станувате дел од клубот на лојални подржувачи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 и добивате можност за 10% попуст при купување на производи од Фан-продавницата на клубот.
* Добивате плакета „Наш лојален поддржувач“ со фотографија и потпис од сите играчи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.

Продажбата на сезонските билети за сите наши навивачи, симпатизери и приврзаници ќе започне следната недела.

sponzori 2425

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723