Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги почнаа подготовките за сезоната 2024/25. Во спортската сала „Боро Чурлевски“ прозиваше тренерот Бранислав Ангеловски и неговиот стручен штаб.
Дојдоа:
Никола Митревски (Порто), Филип Ивиќ (Шамбери), Усама Хосни (Ал-Араби), Кајо Цикетиќ (Горица), Илија Абутовиќ (Шартр)
Заминаа:
Марио Танкоски, Руди Сери, Денис Васиљев, Урбан Лесјак, Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Матеуж Пиеховски
Повикани ракометари за почетокот на подготовките:
Никола Митревски, Филип Ивиќ, Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Урош Борзош, Филип Кузмановски (капитен), Домен Тајник, Павле Атанасијевиќ, Павле Петровиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Кајо Цикетиќ, Жарко Пешевски
* Кон екипата за подготовките се приклучени тројца ракомтари на Еурофарм Пелистер 2: Богдан Мијушковиќ, Василије Печурица и Алем Хоџиќ.
* Нејц Цехте со словенечката репрезентација ќе настапи на Олимписките игри во Париз
* Ненад Костески заздравува од повредата на коленото, но присутен е на прозивката во Битола
Екипата ќе се подотвува во Битола до 4 август, а потоа ќе замине на двонеделни подготовки на Златибор. Таму се предвидени два контролни натпревари. По враќањето од Србија, шампионот на Македонија ќе настапи на три подготвителни турнири до почетокот на официјалните натпревари.