Еурофарм Работник - Беса Фамилија 24-26 (16-15)
Ракометарите на Еурофарм Работник загубија од првакот на Косово, Беса Фамилија со 24-26 (16-15) во вториот пријателски натпревар во предсезоната, кој попладнево се играше во Струга.
Избраниците на Зарков и Марковски водеа во поголемиот дел од првото полувреме, но нивното ниво на игра попушти во продолжението и косовскио тим заслужено стигна до победа. Ашраф Адли беше најпозитивниот во битолскиот состав, а меѓу стативите се истакна и Чаневски.
Тимот на Еурофарм Работник останува во Струга, каде од утре започнува 44. струшки ракометен турнир на кој Еурофарм Работник ќе игра во групата со Металург и Стеауа.