Како најава за 44. издание за струшкиот ракометен турнир на „Женска плажа“ ракометарите на Еурофарм Работник утре ќе заминат во Струга каде ќе одиграат пријателски натпревар со првакот на Косово, Беса Фамилија.
Се работи за квалитетна екипа која неколку години игра главна улога во косовскиот ракомет, а и редовно учествува во европските купови. Своевремено на клупата на Беса Фамилија седеа македонските тренери Петрески и Глигоров.
Мечот се игра во вторник од 18.00 часот и ќе биде добра најава за турнирот кој почнува во среда, а од четврток своите мечеви ги започнува Еурофарм Работник, кој е дел од групата со Стеауа и Металург.