Како дел од стабилизација на проектот и конструирање на тимот за иднина, РК Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. Десниот бек се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија.
31-годишниот Цехте вгради многу во освојувањето на титулата првак на Македонија 2023/24 и со уште поголеми амбиции ќе влезе во следната сезона.
Минатото лето Нејце Цехте од ГОГ Гудме дојде во Еурофарм Пелистер.