РК Еурофарм Пелистер на крајот на сезоната се разделува со седум ракомери кои заминуваат од нашиот клуб на истек на договорот. Најискрено им се заблагодаруваме за професионалноста и ангажманот на: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.
Клубот им посакува успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и град Битола секогаш ќе бидат отворени за нив.