Eкипата на Прилеп беше подобра на свој терен против Еурофарм Пелистер 2 со 31-24 и го прати тимот на Михаил Петровски во баражот за опстанок во Суперлигата.
Најефикасен на натпреварот беше Христи Бикоски со седум гола, додека на спротивната страна во редовите на битолскиот состав Мирче Калајџиовски шест пати се запиша во листата на стрелци.
Во вториот натпревар МРК Куманово на гости кај Мулти Есенсе славеше со 27-29.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-аут
14. коло:
Прилеп - Еурофарм Пелистер 2 31-24 (16-12)
Спортска сала „Ристе Ристевски-Ричко“ - Прилеп
Гледачи: 1.000
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Прилеп:
Ацевски, М. Ангелески, Кастратовиќ 1, Рајатовски 1, Бикоски 7, И. Ангелески, Велески 3, Органџиев 3, Бурчески, Лозановски, Цветаноски 7, Шабановиќ 5, Имнадѕе, Квастек 1, Трајкоски, Андраде 3
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Маркоски 2, Талески, Мирчевски, Димовски, Трпчевски, Димитровски 2, Калајџиовски 6, Пецаковски, Ивановски 5, Белистојановски 5, Југовски, Мијушковиќ, Хаџиќ 4
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 10 минути
Противник на Еурофарм Пелистер 2 во баражот за опстанок во Суперлигата ќе биде Радовиш. Ќе се игра еден натпревар на неутрален терен.