Ако пред триесетина години во спортската сала „Младост“ во Битола екипата на Пелистер ги редеше титулите, а битолчани им ги скандираа имињата на Пепи Манасков, Цане Крстевски, Слободан Николиќ, Стевче Стефановски… денес тие беа на трибините им ја честитаа титулата, осма по ред на клубот, на некои, денешни, нови момци.
А тие момци вечерва беа предводени од капитенот, битолчанецот, Филип Кузмановски, а со него беа Лесјак, Калифа, Тајник, Цехте, Пешевски, Кузмановски, близнаците Атасијевиќ, Танковски, … ја освоија осмата титула, за Еурофарм Пелистер, во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Дека ракометот во Битола има традиција потврди капитенот Кузмановски, кој рече дека титулата им ја посветуваат на легендарниот претседател Силјан Мицевски. Токму, сега, оваа сезона и претходните, неговото семејство е спонзорот на клубот, кој ја освои втората по ред титула.