Вардар Јуниор - Еурофарм Работник 28-33 (13-15)
Новиот член на ракометната Супер лига, Еурофарм Работник ја испрати првата порака до конкуренцијата. Во тест меч во Скопје против Вардар јуниор, екипата на Иван Марковски и Александар Зарков го совлада домашниот Вардар Јуниор со 28-33 (13-15).
Во првиот тест битолчани постојано водеа, со исклучок на почетните пет минути, а во финишот предноста достигна и највисоки 9-10 разлика. Скоро сите новајлии во екипата на Еурофарм Работник ја оправдаа улогата на засилувања на првиот тест натпревар.
Најефикасни во победничкиот тим беа Златко Мојсоски со 10 гола Ашраф Адли со 6, Филип Чурлевски, Караиванов и Филиќ дадоа по 4 гола, Петровски, Талевски и Пецаковски дадоа по 2 гола, а Каковски и Трајковски по 1 гол. Мартин Манасков со 6 и Димовски со 4 гола беа најефикасни во таборот на Вардар Јуниор.
Еурофарм Работник од 17 август во Струга ќе учествува на традиционалниот турнир на „Женск плажа“, а сместен е во група со Металург и Стеауа.