Битолски Еурофарм Работник доби покана да учествува на 44. издание на струшкиот ракометен турнир.
Клубот од ОАЕ, Ал Шабаб го откажа своето учество, па организаторот го повика новиот суперлигаш, екипата на Еурофарм Работник. Битолчани се дел од групата со Металург и Стеауа од Романија.
„Оваа покана и учеството за нас значи многу со оглед на тоа што ние како млад клуб веднаш добиваме можност да играме на овој престижен тим и да се соочиме со екипи кои се натпреваруаат во европските купови. Верувам дека добро ќе се преставиме и дека овие тестови ќе бидам многу корисни за нашата екипа“, истакна тренерот на Еурофарм Работник, Иван Марковски.
Во втората група се Алингсас (Шведска), Шартр (Франција) и Африкан клуб (Тунис).