Не поминаа ниту десет дена од стартот на подготовки на новиот суперлигаш Еурофарм Работник, а едно од најголемите засилувања во преодниот рок, Филип Чурлевски го продолжи договорор со битолскиот суперлигаш на уште една сезона.
Имено средниот бек имаше договор до јуни 2017 година, но сега е постигнат нов на обострано задоволство и ќе биде со важност до јуни 2018 година. Со тоа се гледа сериозноста од проектот на Еурофарм Работник и довербата во младиот ракометар.
Пред да пристигне во Еурофарм Работник, Филип Чурлевски настапуваше за Пелистер и Вардар Јуниор.