Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 на свој терен ја запишаа третата победа во битката за опстанок. Го победија Скопје со резултат 39-22 (16-12) со доминација во поголемиот дел од дуелот..Натпреварот во првите минути беше израмнет, а потоа гостинскиот тим од Скопје дојде на +3.
Водството на Скопје траеше само неколку минути, а потоа работите дојдоа на свое место. Екипата на Михаил Петровски го врати резултатот во своја корист. Младите „пелистерци“ постигнаа седум гола во низа и се одлепија на 11-7. До крајот на полувремето не дозволија по вторпат скопјани да имаат шасна за пресврт и на осмор се заминаа со 16-12.
Вториот дел се продолжи како и во првиот, а квалитетот на домаќините се покажа и на паркетот. Само по десетина минути беше +8 за Еурофамр Пелистер 2, а преднста се зголемуваше до крајот, кога се заврши со конечни +17 гола разлика (39-22).
Најефикасен на средбата беше Богдан Мијушковиќ со осум погодоци.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-аут (петто коло):
Еурофарм Пелистер 2 - Скопје 39-22 (16-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 500
Судии:
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица 1, Младенов, Талевски, Митревски 1, Мирчевски, Димовски 3, Трпчевски 4, Димитровски 4, Калајџиовски, Пецаковски 4, Гичев 1, Ивановски 4, Белистојановски 5, Југовски 1, Мијушковиќ 8, Хаџиќ 3
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути
Скопје:
Стојкоски, Грујевски, Мишевски 4, Чакалиќ 1, Тркалевски, Јакимовски 4, Шокоски 3, Стојкоски, Фичорски 2, Пешкирски 2, Стојановски 3, Павлов 2, Рангелов, Божиновски 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути
По репрезентативната пауза Еурофарм Пелистер 2 ќе се бори за место на завршниот турнир на Купот на Македонија.