Актуелниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер ќе остане лидер на табелата по тешкото гостување во Кавадарци. Битолскиот состав не дозволи да му се случи судбината на Вардар 1961, кој неодамна беше поразен во Кавадарци и славеше со 21-24. Тиквеш денеска настапи без својот најдобар стрелец Страхиња Симиќ, додека Ани Обина кој се повреди во претходниот меч имаше помала минутажа. Во редовите на Пелистер недостасуваа Костески и Атанасијевиќ. На полувреме пелистерци имаа два гола позитива (10-12), а со слично темпо мина и почетокот на продолжението. Во вториот дел шампионот најчесто беше на „плус два“. Имаа домаќините неколку шанси и да израмнат, но не ги искористија своите шанси.
Најефикасен со седум гола кај Пелистер беше Богдан Радивојевиќ, додека кај домаќините по пет постигнаа Атанасовиќ и Мијатовиќ.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф (петто коло):
Тиквеш - Еурофарм Пелистер 21-24 (10-13)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 2.500
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски
Тиквеш:
Гемаљевиќ, Велков 1, Анастасовски 5, Мијатовиќ 5, Темелковски 2, Соколов, Стефановиќ 1, Гачевиќ, Лазов, М. Манасков 1, Окардов, Шулески 2, Коцев, Мајиќ 4, Даневски, Обина
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Д. Манасков, Цехте 1, Кузманоски 5, Тајник 2, Борзаш 2, Танкоски, Радивојевиќ 7, Кузмановски 2, Петровиќ, Атанасијевиќ, Ѓорговски 1, Васиљев 1, Пешевски 3, Сери
Седмерци: 4/3
Исклучувања. 8 минути
Во следното шесто коло на 30 март Еурофарм Пелистер ќе го пречека тимот на Струга.