Еурофарм Пелистер ја изврши својата последна задачаво Лигата на шампионите со гостување во Норвешка кај Колштад. Стручниот штаб, предводен од тренерот Бранислав Ангеловски, реши да замине во Трондхајм со подмладен состав и без дел од носителите на тимот, а тоа беше добра увертира за нов неуспех во Европа.
Колштад се одлепи доста рано и поведе со 9-3, а тоа им овозможи на домаќините да ги контролираат случувањата на теренот и на пауза да заминат со предност од 17-13. Разликата од четири гола се одржуваше во првата фаза од второто полувреме, но потоа Колштад повторно направија серија со три гола во низа и замна на 28-21, што автоматски значеше дека мечот е завршен. Колштад на крајот победи со 34-27 и со петта победа се прости од Лигата на шампиони.
Одлична партија во дресот на македонскиот првак одигра Урош Борзаш и даде 11 погодоци, додека по трипати реализираа Кузманоски, Танкоски и Ѓорговски. Најефикасен во победничкиот табор беше Симен Улстад Лисе со 11 погодоци, додека осум даде Гудјонсен.
Ракомет
Лига на шампионите 2023/24
А група - 14. коло:
Колдштад - Еурофарм Пелистер 34-27 (17-13)
Спортска сала во Трондхајм. Гледачи: 2.000
Судии: Мазеика и Гателис (Литванијај)
Колдштад:
Рисмарк, Ибсен, Лисе 11, Гудјонсен 8, Стерблом 5, Сагосен 4, Алберг 4, Ек Ага 1, Гулеруд 1, Халд, Ранинг, Бјоркаш, Болесен, Сагард, Хернес, Јонсен
Седмерци: 4/4
Исклучувања: /
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Борзаш 11, Кузмановвски 3, Танкоски 3, Ѓорговски 3, Тајник 2, Сери 2, Петровиќ 1, Павле Атанасијевиќ 1, Петар Атанасијевиќ 1, Пиечковски, Костески
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната во Лигата на шампионите на последното место во групата А, без освоен бод.