Од денес екипата на РК Еурофарм Работник е комлетна по пристигнувањето на мароканскиот интернационалец Ашриф Адли.
Кружниот напаѓач пристигна неколку дена порано од предвидениот термин, бидејќи требаше в четврток да пристигне во Битола, но дојде три дена порано. Тренерот на екипата Иван Марковски го пречека на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, а потоа заеднички пристигнаа во Битола.
Адли доби принова во семејството и доби неколку слободни дена воочи приклучувањето со екипата за подготовките за стартот на подготовките.