По вчерашната прозивка во спортската сала „Павел Шатев“, од денес ракометарите на Еурофарм Работник подготовките за новата сезона ќе ги извршуваат во спортската сала „Младост“. Со оглед на тоа што оваа сала ја пријавија за настап на домашните натпревари, сега ракометарите таму ќе можат да работат во првата фаза на подготовки.
Сите новајлии се присутни во Битола, со исклучок на Мароканецот Ашраф Адли. Новиот кружен напаѓач на битолчани доби принова во семејството и доби неколку слободни дена, па следната недела се очекува во Битола. Тој веќе ја има потребната документација и виза и штом пристигне во Битола ќе им се стави на располагање на стручниот штаб составен од Зарков и Марковски.
Во Битола екипата ќе тренира во оваа прва фаза на подготовки, а првиот тест меч ќе биде одигран на 10 август. Името на противникот ќе биде познато во следните неколку дена.