Новиот ракометен прволигаш, ХЈС Работник, не престанува со своите засилувања за новата сезона и најавува долг престој во елитата на македонскиот ракомет.
Од денес, па се до крајот на оваа сезона нов играч на Марковски и Зарков ќе биде повремениот македонски репрезентативец, Дејан Пецаковски.
30-годишниот десен бек во Битола доаѓа од шампионот на Тунис, Клуб Африкан, а во домашното првенство претходно има настапувано во Пелистер, Вардар, Металург и МАКС Струмица. Досега во своите редови ХЈС Работник ги доведе Златко Мојсоски, Милан Филиќ, Градимир Чаневски, Караиванов, Чурлевски и Мароканецот Адил.