Продолжуваат големите амбиции на новиот суперлигаш ХЈС Работник. Минатосезонскиот шампион во Првата лига го донесе и четвртото засилување за својот премиерен настап во елитата.
28-годишниот голман Градимир Чаневски, кој во својата кариера настапуваше за Вардар Јуниор, Вардар и Металург се обврза на едногодишна верност кон клубот на Иван Марковски и Александар Зарков.
Со неговото доведување битолчани имаат уште едно искусно решение за Супер Лигата по доведувањето на Филип Чурлевски, Мите Караиванов и мароканскиот интернационалец Ашраф Адли.