Победникот на прволигашкото натпреварување ХЈС Работник донесе уште едно искусно засилување во името на некогашниот репрезентативец Златко Мојсоски. По Филип Чурлевски, Мите Караиванов, Ашраф Адил од Мароко и Србинот Младен Филиќ, стружанецот е последното засилување кое ќе го подигне нивото на екипата на Марковски и Зарков.
Тој потпиша договор на една сезона и ќе се обиде со своето искуство на екипата да и донесе стабилност, а можеби и место во плеј-офот.
ХЈС Работник подготовките за својата прва Супер лига ќе ги започне на крајот на јули, а ќе веројатно учествува и на турнирот во Добој.