Калифа Гедбан, познато име во македонската ракометна јавност, повторно е во нашата земја и ќе ги брани боите на Еурофарм Пелистер. Алжирскиот репрезентативен голман веќе има големо искуство на интернационалната сцена, неговите желби со битолската екипа се одбрана на титулата во домашниот шампионат, а и важно ќе биде учеството во ЛШ.
„Многу сум среќен што се вратив во Македонија, овојпат во друг клуб - во Еурофарм Пелистер. Навистина сум среќен. Мислам дека имаме добар тим, мора да се бориме за домашната титула, а ќе играме и во Лигата на шампионите. Нема да биде лесна сезона, но мора да се бориме за секој натпревар.
Битола е убав град, веќе ја познава,. Го посетив градот 3-4 пати претходно, а сега ќе живеам тука. Ми се допаѓа градот, луѓето исто така и не се чувствувам како странец, туку како да сум дома.
Лигата на шампионите е најважното натпреварување во светот на ракометот. За Еурофарм Пелистер многу е важно што ќе учестува оваа сезона. Ќе биде интересен и голем предизвик за сите нас“, рече Гедбан.
Гедбан во минатото ги носеше дресовите на Вардар 1961, Адемар Леон и Динамо Букурешт.