Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 од Битола денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната 2021/22. Александар Јовиќ попладнево прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од неговиот стандарден ростер недостигаат репрезентативците Трајкоски и Кузманоски.
Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Жељко Бабиќ го одржа првиот тренинг, на кој присуствуваа ракометарите кои не се дел од Европското првенство.
Претседателот на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев ќе им подари оригинален подарок на младите ракометари од школата на клубот. Имено, претседателот се одлучи на младите ракометари од клубот да им ја подари автобиографската книга на македонската легенда Кирил Лазаров - „Секогаш на победа“. Подарокот е потпишан специјално за пригодата од авторот.
Се сеќавате ли на плишаните мечиња кои долетаа на парткетот во спортската сала „Боро Чурлевски“ на полувремето натпреварот против Вардар 1961?
Ако пласманот во плеј-офот минатата сезона беше изненадување, оваа есен македонската јавност доби потврда за моќта на проектот Еурофарм Пелистер 2. Еве како избраниците на Александар Јовиќ ги распоредија стрелците во првиот дел од Суперлигата:
РК Еурофарм Пелистер ги заврши клупските активности за 2021 година. Подготовките за новата сезона екипата под водство на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб ќе ги започне на 12 јануари 2022 година. Подоцнежниот тек на подготовките, припремните фази и контролните натпревари дополнително ќе бидат одредени.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister