Следниот месец почнуваат возбудувањата од регионалната СЕХА Гаспром лига. Еурофарм Пелистер е дел од групата во која се уште Партизан, Татран Прешов и ППД Загреб. Битолчани ќе дебитираат во Белград, а последниот натпревар од групата ќе го игра против поранешниот европски првак ППД Загреб во Битола.
Охриѓанецот Мартин Ивановски од наредната сезона ќе го облече дресот на Еурофарм Пелистер 2. Ивановски е ракометар кој игра на позиција среден бек. Мартин настапува за тимот на Охрид, а во 2015 година беше дел и од ракометниот камп на Веспрем.
Откако минатиот вторник започнаа со тренинзи во спортската сала „Боро Чурлевски“ и одиграа еден контролен натпревар со Еурофарм Пелистер 2, ракометарите на Еурофарм Пелистер денес запинаа на подготовки во Хрватска.
Членовите на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер, Божидар Мојсов и Ице Соколески се стекнаа со највисоката ракометна лиценца, ЕХФ Мастер Коуч.
РК Еурофарм Пелистер и СЕХА Гаспром лигата го отвораат процесот за акредитирање на медиумите работницте за натпреварите од регионалното натпреварување во сезоната 2021/22.
Еурофарм Пелистер го одигра првиот, а Еурофарм Пелистер 2 вториот во подготвителниот пероиод. Со шаренолики состави, без десетина стандардни ракометари кај вицешампионот и со Арсеновски, Павле Атанасијевиќ и Стоилевски прекомандувани во првиот тим, двете екипи одиграа одличен тест од 50 минути.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister