Лидерот во првата ракометна лига, ХЈС Работник од Битола, уште отсега сериозно размислува за следната сезона во која со голема веројатност ќе игра во Супер лигата. Екипата која ја водат Иван Марковски и Александар Зарков презими како лидер со само еден пораз и на добар пат е на Битола да ѝ подари уште еден клуб во најсилната категорија.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister