Амбициите на лидерот во Првата ракометна лига, ХЈС Работник од Битола не престануваат со доведувањето на Филип Чурлевски од Вардар Јуниор. Битолскиот клуб деновите ќе го знае расплетот на сезоната, бидејќи во вторник во Скопје против Вардар 2 го игра клучниот меч за првото место. Победа и нерешен резултат им одговараат на избраниците на Марковски и Зарков, а победа го лансира Вардар 2 со поголеми шанси пред завршницата на сезоната.
Лидерот во првата ракометна лига, ХЈС Работник од Битола, уште отсега сериозно размислува за следната сезона во која со голема веројатност ќе игра во Супер лигата. Екипата која ја водат Иван Марковски и Александар Зарков презими како лидер со само еден пораз и на добар пат е на Битола да ѝ подари уште еден клуб во најсилната категорија.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister