Ракомет – Куп на Македонија (прво коло)
Еурофарм Пелистер – Шампион 40-13 (23-7)
Финалистот од сезоната 2021/22, Еурофарм Пелистер лесно ја прескокна првата пречка во Купот на Македонија. Екипата на Жељко Бабиќ извојува победа против прволигашот Шампион со 40-13. Гостите од Скопје допатуваа со само осум ракометари, сите млади момците кои првпат се соочуваа со ваков противник.
Ракомет – Куп на Македонија (прво коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18 (20-5)
Тренерот Алесандар Јовиќ им даде слободен ден на Иван и Васко Димитровски, Трајкоски и Ѓукиќ, но и младиот бран на Еурофарм Пелистер 2 се справи со прволигашот Металург РА со 38-18 (20-5). Во текот на сите шеесет минути домашната екипа водеше, а сите ракометари кои добија шанса се запишаа во листата на стрелци.
Еурофарм Пелистер ја запиша шестата последователна победа, деветта во десет дуели од Суперлигата, откако попладнево полесно од предвиденото го надигра Пролет во Битола со 38-22 (21-7). Дуелот го следеа 500 гледачи и можеа целосно да уживаат во одличното издание на момците на Жељко Бабиќ. Битолчани отворија со 7-0, половина полувреме не примија гол од игра и во раната фаза во решија прашањето на победникот.
Поголемата победа над Вардар 1961, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 извојува уште еден значаен триумф. На незгодното гостување во СРЦ „25 мај“ славеа против домашниот Радовиш со 24-29 (14-13). По враќањето на клупскиот ракомет по ЕХФ неделата, битолчани одиграа одлично второ полувреме и водени од бековите Павле Атанасијевиќ и Павле Петровиќ го свртеа негативноот резултат од првиот дел.
Идната недела продолжуваат натпреварите од групната фаза на ЕХФ Лига Европа. В понеделник експедицијата на Еурофарм Пелистер патува за Грција, каде во вторник попладне од 18:45 часот ќе се сретне со АЕК Атина во рамките од третото коло на групата Д.
Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа од 27-26 против шампионот Вардар во деветтото коло од Супер машката лига откако одигра неверојатно. Момците се надминаа, прикажаа ракомет каков ретко се гледа од млад состав и докажаа уште еднаш дека се одличен противник за секого.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 02, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 29, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Април 25, 2026 by RK Eurofarm Pelister