b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_01_старт_припреми_Еурофарм_Пелистер_6.jpg

По вчерашниот старт на подготовки, тренерот Жељко Бабиќ и средниот бек Марио Танкоски зборуваа пред новинарите. По тринеделната пауза двајцата изразија задоволство што пак се заедно и што подготвуваат успешен втор дел на сезоната.

Жељко Бабиќ
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)

Како и секогаш имате позитивни и негативни работи кога почнуваат зимските подготовки. Среќен сум што нашите играчи играат за своите репрезентации и длабоко сум уверен дека добро ќе се презентираат. Од друга страна како тренер би сакал да сме сите заедно и да можеме да тренираме, бидејќи ни следи напорна втора полусезона, во која треба да ги браниме добрите резултати од есенскиот дел. Ќе мора да ги убрзаме процесите да бидеме спремни за почетокот на февруари и официјалните натпревари.

Ќе се подготвуваме во Битола оваа и следната недела. На 23 јануари патуваме во Загреб, имаме три контролни натпревари против добри екипи како Целје, Сесвете и ППД Загреб. Ќе видиме кои од играчите ќе ни се приклучат од Европското првенство и каква ќе биде ситуацијата со корона-вирусот. Во меѓувреме ќе почне и домашното првенство со домашниот дуел против Охрид. Битно ни е да ни се вратат играчите здрави и ако е воопшто возможно, ковид-19 да нè заобиколи.

старт припреми Еурофарм Пелистер 8

Марио Танкоски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Би рекол дека есенскиот дел беше одличен. По почетниот лош натпревар против Ним, врзавме серија на позитивни резултати. Во домашното првенство доминиравме, штета само што во последниот натпревар против Вардар 1961 не ги освоивме трите бода. Но, нема враќање назад, напорно ќе работиме за да ги победиме и преостанатите два натпревари против нив во плеј-офот. Јануари е месец на подгоотвки, не сме комплетни, имаме репрезентативци и отсутни од ковид-19. Добро ќе ни дојдат подготовките во Хрватска. Дотогаш ќе работиме во Битола.

Првиот тест натпревар Еурофарм Пелистер ќе го одигра против Еурофарм Пелистер 2 следната среда.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723