b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_07_obradovic_2.jpg

И во новата сезона српски интернационалец ќе биде дел од Еурофарм Пелистер. Милан Ѓукиќ доби прекоманда во Еурофарм Пелистер 2, но во тимот на Жељко Бабиќ ќе игра Немања Обрадовиќ. Белграѓанецот доаѓа на местото на Марин Вегар и ќе ја заземе позицијата лев бек, но голем акцент и на играта во одбрана.

На претставувањето новото засилување на пелистерци рече:

„Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција и секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари.

Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас“.

Пред да дојде во Битола, 32-годишниот Немања Обрадовиќ настапуваше за Металопластика, Валенс, Металург, Висла Плок, Мешков Брест и ППД Загреб.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723