b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_07_jovikzas.jpg

Еурофарм Пелистер 2 ги почна тренинзите за новата сезона, засилен со имињата на Милан Ѓукиќ, Благојче Трајкоски и Цветан Кузманоски, Андре Буторац и Мартин Табаковски. Тренерот Јовиќ вети уште повеќе работа и ентузијазам од минатата сезона, а најави и дека младите пелистерци ќе играат со една од најмладите надворешни линии во лигата.

„Со самото учество на Еурофарм Пелистер и Вардар уште од самиот старт на шампионатот мислам дека ова сезона Суперлигата ќе биде доста поквалитетна од претходните. Има многу екипи кои ќе атакуваат на првите шест места кои водат во плеј-офот, па затоа би било неблагодарно да прогнозираме како ќе се одвива сезоната.

Сезонава ќе имаме една од најмладите бековски линии во првенството исè зависи од тоа како ќе се воиграме. Младите ќе имаат максимална поддршка и минутажа, па ќе видеме како тие ќе одговорат на овој предизвик. Ако ни се пружи шанса за плеј-оф, секако дека ќе ја искористиме, а ако не, сигурно дека заслужуваме и по играчки кадар и по клупска организација да го задржиме суперлигашкиот статус“, заврши Јовиќ.

Во првото коло на новиот шампионат, Еурофарм Пелистер ќе се сретне со градскиот ривал Еурофарм Пелистер.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723