b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_07_еурофарм_пелистер_засилувања_4.jpg

Минаа неполни два месеци и повторно ракометарите на Еурофарм Пелистер се во тренажен процес. Жељко Бабиќ на првата прозивка сметаше на комплетниот ростер, кој ова лето најмногу промени претрпе на голманската позиција.

Искусниот хрватскиот тренер пред првиот тренинг во новата сезона рече:

„Добро што поголемиот дел од ростерот остана ист и немаше многу промени. Што се однесува до голманите, бевме одлично покриени на тоа место минатата сезона, но спортските околности се такви и моравме да менуваме. Добро е што сезоната ќе ја започнеме со натпревар од Суперкупот. Мислам дека и за нас и за Вардар е многу добро да започнеме со трофеј. На тој натпревар ќе го дадеме максимумот и ќе направиме сè за да извојуваме победа. Против Мешков Брест знаеме дека ќе ни биде многу тешко, но се разбира дека сакаме да ја минеме и таа фаза во СЕХА лигата и да стигнеме до Задар.

Уверен сум дека Еурофарм Пелистер направи одлична работа минатата сезона, а уверен сум дека оваа ќе направи уште поголема. Дали тоа ќе биде доволно за трофеј, ќе видиме на крајот од сезоната. Исто така и Вардар е многу посилен од лани, така што ќе се води голема битка во домашниот шампионат“.

Битолчани од петок се селат во Маврово, каде ќе ја реализираат базичната фаза на подготовки. Ќе се вратат на 30 јули во градот под Пелистер и ќе ја отпочнат последната фаза на подготовки, која вклучува одигрување на пријателски натпревари.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723