b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_06_liga_evropa_pel.jpg

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија во групната фаза на Лига Европа за сезоната 2021/22. Со оглед на почетната позиција и акумулираниот рејтинг, битолскиот клуб ќе се најде во групната фаза на натпреварувањето и првите официјални натпревари ќе ги одигра во октомври годинава.

Ждрепката за групната фаза е закажана за крајот на септември, по завршувањето на второто квалификационо коло.

Прво квалификационо коло - 28 и 29 август и 4 и 5 септември 2021 година

Второ квалификационо коло - 11 и 12 септември и 18 и 19 септември година

Групна фаза - октомври 2021 - март 2022

Завршен турнир - 28 и 29 мај 2022 година

Европската ракометна федерација (ЕХФ) дополнително ќе ги одреди квалитативните шешири за групната фаза на Лига Европа.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723