b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_05_eurofarm-pelister-2-ohrid-25.jpg

Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – 12. коло

Охрид – Еурофарм Пелистер 2 24-21 (13-9)

Охрид им се врати на победите во плејофот од Супер лигата, совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2 24-21 (13-9), во дуелот од 12. коло. Охриѓани не го започнаа најдобро натпреварот, а гостите максимално го искористија се тоа, поведувајќи со 4-1, после осум минути игра. Избраниците на Раде Стојановиќ се консолидираа и почнаа да играат на потребното ниво. Плодот од добрата игра стигна во втората половина од првото полувреме. Охридските ракометари со серија од 4-0 дојдоа до плус два 8-6. Наскоро, Охрид достигна и три погодоци 10-7, а со гол повеќе во финишот обезбедија плус четири на одморот.

Нападот не беше на ниво на почетокот од вториот дел, а гостите овој пат успеаја да стигна до минус еден 17-16. Сепак, охридските ракометари не дозволија да се врати неизвесноста, постигнувајќи два брзи голови за плус три. До крајот на мечот разликата остана иста и Охрид заслужено го освои целиот плен.

Одличен натпревар имаа охридските голмани Брауновиќ и Даниловски, кои искомбинираа 19 одбрани. Најдобри стрелци беа Мартин Манасков и Никола Ристески со три голови, а три реализираше Кристијан Димитриески. Кај гостите најефикасен беше Јован Талески со четири погодоци.

Спортска сала во Велгошти
Судии: Марко Трајковски и Александар Вукашиновски

Охрид:

Брауновиќ, Даниловски 1, Андоноски, М. Ивановски 1, Блажески 2, Костов 1, Чагаљ 2, Николов 3, Иваноски, Соколов, Младеновиќ 1, Манасков 4, Шулески, Ристески 4, Димитрески 3, Тот 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 12 минути

Еурофарм Пелистер 2:

Ристевски, Ф. Ивановски, Бардакоски, J. Талевски 6, Петковски. Пав. Атанасијевиќ 1, В. Димитровски 1, Митревски, Петровиќ 2, И. Димитровски, С. Талевски 2, Стоилевски 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Дрогришки 3, Блажевски 1, Арсеновски 3
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 10 минути

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723