b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_01_babic_eurofarm_2.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија дома по шест дена минати во Хрватска и Словенија. Жељко Бабиќ е задоволен од трите теста, во кои, иако беше без седуммина ракометари, македонскиот тим добро се претстави. Сите ракометари кои беа на турнејата добија шанса, додадоа минути во нозете и во последните десетина дена во Битола, ќе ги дефинираат последните детали за напорните февруарски обврски.

По повод подготовките, тренерот Бабиќ рече:

„Ракометарите одлично се ангажираа деновиве. Во текот на сите натпревари покажавме задоволителен интензитет. Задоволен сум, иако ни недостасуваше реализација. Очекувам во наредните 10-15 дена да играме во подобра форма. Тоа е очекувано, со оглед на големата пауза. Исто така ни фалат неколку играчи, кои беа дел од репрезентацијата. Верувам дека за првиот дуел во пролетната полусезона во СЕХА лигата ќе бидеме комплетни. Се надевам дека ќе започнеме успешно. Добро се презентиравме на овие натпревари против силни противници.

Одличен потег беше да се дојде тука во Хрватска. Им дадовме шанса на ракометарите кои играа помалку и тие добро се претставија. Посебно, сакам да го потенцирам настапот на Кукуловски. Покажа дека е голем потенцијал и Еурофарм Пелистер заврши голема работа што го доведе во клубот. Очекувам во текот на сезоната да го развие својот потенцијал и еден ден да дојде во македонската репрезентација“.

Ракометарите денес добија слободен ден, а утре пак ќе им се вратат на тренинзите, заедно со македонските репрезентативци кои настапија на Светското првенство.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723