b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_01_Стефан_Дрогришки.jpg

Кога во август се собра екипата на првиот тренинг со новиот стручњак на кормилото, Александар Јовиќ, ракометарите на Еурофарм Пелистер зацртаа како цел пласман во плеј-офот. Не се поколебаа и по извлекувањето на посилната група Б, а покажаа карактер и со победите во Кавадарци и Прилеп и на домашен терен против Металург се изборија за место меѓу осумте најдобри екипи во лигата.

Искусниот Стефан Дрогришки вели дека ќе биде уживање и задоволство да се игра против најдобрите.

„За нас голем плус е пласманот во плеј-офот. Натпреварите ќе ни дозволат да растеме како играчи. Јас сум можеби поискусен, но има и млади ракометари на кои овие дуели ќе им бидат од големо значање за понатамошен развој.

Мислам дека овој тим има капацитет да се натпреварува со најдобрите екипи. Треба да работиме во подобрување на некои сегменти со што би биле подобар противник за нив. За нас е задоволство и уживање да се натпреварување со екипи како Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, кои се во врвот на европскиот ракомет“, вели Дрогришки.

Голема сатисфакција за екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше повикувањето на левото крило, Цветан Кузманоски во националниот тим за двата тест натпревари против Чиле во Скопје. Стружанецот единствен беше отсутен од првиот собир, но ќе се приклучи кон екипата штом ќе му завршат репрезентативните обврски.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723