Еурофарм Пелистер се врати на победничките патеки по болниот пораз од Алкалоид во домашниот шампионат, откако вечерва во Битола го совлада Гдањск со убедливи 34-27 во Европската лига на ЕХФ.
„Зелено-белите“ одиграа одличен натпревар, имаа контрола од самиот почеток и заслужено стигнаа до важни два бода во борбата за пласман во следната фаза. Пелистер на полувреме имаше шест гола предност (20-14), а во вториот дел ја достигна и највисоката разлика од осум погодоци (29-21).
Гостите се обидоа да се вратат во игра со серија од четири гола, но битолчани брзо реагираа, ја стабилизираа играта и со тактичка промена во нападот на „7 на 6“ повторно ја вратија убедливата предност.
Кузмановски беше најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер со осум гола, Петар Атанасијевиќ постигна пет, додека Видомски, Пешевски и Хагбарт завршија со по четири погодоци.
Со оваа победа, Еурофарм Пелистер останува во игра за првите две позиции во групата Г и пласман во следната фаза од Европската лига.
Ракомет
Европска лига 2026/27
Г група
Петто коло
Еурофарм Пелистер - Вибжеже Гдањск 34-27 (20-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.300
Судии: Зоран Клус и Борис Чипов (Словачка)
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хеидарирад, Кузмановски 8, Петар Атанасијевиќ 5, Видомски 4, Пешевски 4, Хакбарт 4, Нтанзи 3, Хенигман 2, Серафимов 1, Павле Атанасијевиќ 1, Ристевски 1, Кузманоски 1, Басанезе, Граховац, Колаковиќ
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 4 минути
Вибжеже Гдањск:
Зембжицки 1, Пожњак, Чаплињски 5, Станеску 4, Бенѕиковски 4, Витчак 3, Чертович 3 Борвалдсон 3, Морковски 2, Томчак 1, Михалович 1, Гембала
Седмерци: 1/2
Исклучувања: 8 минути
Во последното шесто коло Еурофарм Пелистер следниот вторник гостува кај Натурхаус Ла Риоха.






