b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_12_sttttttttttt.jpg

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година. На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во перфектна согласност дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22.

Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар.

28-годишниот хрватски интернационалец играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2020 година, а претходно ги носеше дресовите на Загреб, Карловац и Сплит. Со хрватската репрезентација има бронза од Светското првенство во Шпанија во 2013 година.

Клубот ќе одржи церемонија по повод продолжувањето на договорот на Стипе Мандалиниќ по неговото приклучување на подготовките за вториот дел од шампионатот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723