b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_11_20201117_Eurofarm_Pelister_Kadetten_Schaffhausen_25.jpg

Еурофарм Пелистер пропушти висока предност од седум гола и на крајот мораше да се задоволи само со бод од натпреварот против Кадетен Шафхаузен (25-25). Жељко Бабиќ на прес-конференцијата посочи дека екипата немала можност да тренира поради проблемите со коронавирусот и тоа се почувствува на теренот.

„Честитики до Кадетен Шафхаузен за борбата и нерешениот резултат. Им посакувам среќа во следните мечеви. Ова е добар резултат за нас и за противникот. Не можевме да тренираме добро, во последните десет дена имавме проблем со коронавирусот и мислам дека тоа беше клучно.

Беше тешко да се игра против Кадетен Шафхаузен особено во вториот дел, игравме споро, без движење и проток на топката, бевме премногу статични. Игравме повеќе „еден на еден“, отколку планирани акции. Европската лига е сериозно натпреварување затоа мора да се игра добро во сире 60 минути“, рече Бабиќ.

Уште од утре хрватскиот стручњак почнува да го подготвува натпреварот од четвртото коло, против Рајн Некар Левен следниот вторник во Манхајм.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723