b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_11_еурофарм_пелистер_2_-_прилеп_7_.jpg

Еурофарм Пелистер 2 - Прилеп 28-25 (17-10)

По неполн месец се вратија натпреварите од Суперлигата, а по повеќе од 40 дена во Битола се одигра натпревар за првенствени бодови. Во заостанатиот натпревар од седмото коло на групата Б против соседот Прилеп. Во празната спортска сала „Боро Чурлевски“, екипата на Александар Јовиќ извојува победа од 28-25 (17-10).

Домаќините започнаа со водство од 5-1 и најавија дека можеби полесно од очекувањата ќе стигнат до бодовите на овој дуел. Прилепчани намалија на 7-4, но имаа голем пад во концентрацијата во продолжението од мечот и на пауза, младите битолчани заминаа со високи плус седум, 17-10.

Гостите реагираа, подобро го отвори вториот дел и со серија на седмерци на Чантурија намали на 21-16 во 41. минута. Прилепчани значително ја подобрија играта во одбрана и се доближија на -4 на девет минути до крајот. Искусниот Чантурија на два пати и Шокоски намалија на 25-22, но Стоилевски и Кузманоски со головите за 27-22 ги решија дилемите дека бодовите ќе останат во Битола. До крајот уште по некој гол на двете страни за конечни 28-25.

Најефикасни поединци кај Еурофарм Пелистер 2 беа крилата Кузмановски со шест и Стоилевски со пет гола, а одличен беше и Ивановски на голот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723