b_640_480_16777215_00_images_vesti_2018_06_4ki095gQ.jpeg

Продолжува процесот на формирање на тимот на Еурофарм Работник за следната натпрварувачка сезона. Клубот постигна договор за продолжување на соработката со уште двајца свои ракометари.

Милорад Кукоски се обврза на верност на уште една сезона и ќе остане да ја предводи одбраната на битолскиот суперлигаш. Стружанецот се врати од Романија во Битола и ги оправда очекувањата во својата прва сезона.

qgRLwTgg

Филип Чурлевски, кој игра на позицијата среден бек, во следните две сезони ќе го носи дресот на Еурофарм Работник. Така, клубот скоро целосно го заврши екипирањето за новата сезона која почнува оваа есен.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723