b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_09_vardar-eurofarm-pelister-2.jpg

Новиот проект на Еурофарм Пелистер започна со пораз од првакот Вардар 1961 во Скопје со 31-19. Екипата на Бранислав Ангеловски не можеше да парира против моќниот и засилен тим на Иван Чупиќ.

„Зелено-белите“ беа рамноправен ривал во раната фаза, меѓутоа како што одминуваше времето домаќините се „одлепуваа“, правеа разлика и на полувреме водеа со 18-9. И по одморот работите не се променија, избраниците на Чупиќ покажаа дека се поквалитетен состав и рутински го завршија мечот до крај.

Најефикасен во победничкиот табор беше Матео Фадуил со шест гола, а по 5 постигнаа Урош Митровиќ и Јуниор Тузолана. Кристијан Симоновски со четири погодоци беше најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2.

 

Ракомет

Суперлига 2026/27

Прво коло

Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 2 31-19 (18-9)

Спортска сала „Јане Сандански“ (мала сала) - Скопје

Гледачи: 100

Судии: Виктор Андонов и Глигор Каев

Вардар 1961:

Бомаштер, Гогов, Георгиевски 4, Поповски 3, Митровиќ 5, Нечовски 1, Љевар 1, Тулозана 5, Анастасовски 2, Абудалах 2, Малус, Ѓоршевски 1, Јанковски 1, Фадуил 6

Седмерци: 7/6

Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:

Трајков, Младенов, Димевски 3, Стојков, Митревски 1, Шулевски, Лазаревски 2, Илиески 2, Дамчевски 3, Георгиев 1, Ј. Симоновски, Славков, Крстевски, Дрогришки, Ѓорѓивски 3, К. Симоновски 4

Седмерци: 6/4

Исклучувања: 10 минути

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723