Еурофарм Пелистер го претрпе и вториот пораз на третиот натпревар во Европската лига на ЕХФ, откако вечерва не беа доволни само добри петнаесет минути на гостувањето во Германија.
Гумерсбах имаше многу подобри решенија и стигна до доста убедлива, односно изразена со десет голови разлика за фаворитот (38-28). По извонредните воведни минути, во кои Еурофарм Пелистер имаше и предност, Гумерсбах наметна свое темпо и на пауза замина со плус пет, а во вториот дел ја контролираше играта и само го надоградуваше водството.
Филип Кузмановски со седум гола и Видомски и Ристевски со по четири беа најефикасни кај битолчани, додека за победничкиот тим Душебајев имаше девет гола, а Рогановиќ заврши со шест. Двете екипи за еден месец одново ќе се сретнат, но овој пат во Битола во четвртото коло од групната фаза.
Со овој пораз, Еурорам Пелистер останува на еден освоен бод во второто по ранг европско натпреварување, оној против Вибжеже освоен во Гдањск во претходната рунда.
Ракомет
ЕХФ Европска лига 2026/27
Г група - трето коло
Гумерсбах - Еурофарм Пелистер 38-28 (15-10)
Спортска сала „Швалбе арена“ - Гумерсбах
Гледачи: 1.000
Судии: Јаков Паг и Карл Тигесен (Данска)
Гумерсбах:
Биоска, Облинг 2, Душебаев 9, Рогановиќ 6, Хоржен 6, Хаселер 5, Кодрин 4, Шлуроф 3, Видарсон 2, Вујовиќ 1, Бломе, Елнарсон, Халбак, Синдрасон, Земан
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Хеидарирад, Митревски, Кузмановски 7, Видомски 4, Риотевски 4, Пешевски 3, Татар 3, Серафимов 2, Хакбарт 2, Белистојаноски 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Нтанзи 1, Кузманоски, Граховац, Калајџиески, Колаковиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Следува пауза во Европската лига на ЕХФ до 17 ноември.






