b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_08_735734819_18446572789189535_7427964414682657439_n.jpg

Средниот бек Божидар Илиески е нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2. Битолчани го промовираа прилепчанецот како нивен играч, а тој ќе има одново шанса да соработува со Бранислав Ангеловски. Илиески е ракометар кој добро ја познава работата на Ангеловски, бидејќи двајцата претходно беа дел од ракометната приказна во Мукти Есенс.

Младиот бек сака повторно да работи со тренерот со кој веќе имал заеднички период во кариерата. Божидар Илиески минатото лето се врати во родниот град и потпиша за Прилеп. Тој пристигна како засилување на бековската позиција, откако претходно настапуваше во Скопје. Во Прилеп доби простор да биде дел од суперлигашки проект што сезонава имаше амбиции за стабилизација и чекор кон горниот дел од табелата.

Подготовките за новата сезона Еурофарм Пелистер 2 ќе ги започне кон крајот на овој месец.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723