Еурофарм Пелистер потклекна пак на домашен терен и загуби во дербито против Охрид со 26-27. Храбрите гости покажаа дека нивниот проект треба се посериозно да се сфаќа во македонскиот ракомет, па во продолжение од сезоната во Суперлигата, Охрид ќе се бори за второто место.
Во натпревар во кој често се менуваше водството, на крајот пресуди помирната игра и нервите на гостите во последните секунди, па во завршницата пристигна и гол на Охрид со звукот на сирената.
Еурофарм Пелистер водеше во завршницата со 23-24 и 25-26, се чинеше дека е тим кој е решен да остане во трката за титулата, но на крајот актуелниот шампион претрпе болен пораз кој најверојатно значи збогување за трофејот.
Стрмљан прерасна во херој за гостите од Охрид со голот во самата завршница, а по победата од 26:27, полуфиналистот во ЕХФ Купот е израмнет со ривалот од Битола на второто место.
Најдобар стрелец кај ГРК Охрид беше Тилен Стрмљан со пет гола, пред Томислав Јагуриновски и Ален Ќосевски со по четири постигнати гола. Кај голманите, Кристијан Пилиповиќ имаше седум интервенции. Кај Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков имаше шест, а Филип Кузмановски и Усама Хосни дадоа по четири гола, додека Никола Митревски фати осум топки.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф - четврто коло
Еурофарм Пелистер - Охрид 26-27 (13-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Црвени картони: Илија Абутовиќ и Усама Хосни (Еурофарм Пелистер) и Гоце Ојлески (Охрид)
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Брестовац, Манасков 6, Видомски 1, Хакбарт, Граховац 1, Хенигман 1, Радивојевиќ 2, Кузмановски 4, Абутовиќ, Калајџиовски , Пет. Атанасијевиќ 3, Пешевски 1, Хосни 4, Пав. Атанасијевиќ 3
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути
Охрид:
Пилиповиќ, Блажевски, Стрмљан 5, Ојлески 1, Јагуриновски 4, Иванковиќ 2, Кукуловски, Ристевски, Тасевски, Реј Моралес 1, Савревски 1, Лиапис 2, Петриќ 2, Ѓукиќ 3, Ќосевски 4, Прибетиќ 2
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Алкалоид во Скопје.






