Еурофарм Пелистер со убедлива победа кај Тиквеш со 24-43 ги отвори настапите во плеј-офот во машката ракометна Суперлига. Битолчани важеа за фаворити и целосно ја оправдаа улогата на дуелот во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Тиквеш беше резултатски близу само десет минути кога на семафорот стоеше резултат 7-8 за битолчани, а потоа почна гостинот да додава „гас“.
Контрите се покажаа како главно оружје за тимот на Алушовски на оваа средба. Манасков и Хенигман диригираа, поддршка им беше Петар Атанасијевиќ, заедно со новото засилување Граховац и капитенот Кузмановски. Лесните голови на полувреме донесоа 14-21, а потоа по шест минути игра се поведе за првпат двоцифрено (16-26) и тој резултат се држеше константно.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со шест гола, а Рудолв Хакбарт, Филип Кузмановски и Петар и Павле Атанасијевиќ имаа по пет гола. Кај Тиквеш, Богдан Мијушковиќ даде шест, а Томче Стојановски погоди пет пати. Во следното коло Еурофарм Пелистер го очекува дерби-дуел против Вардар 1961 во Битола, додека Тиквеш ќе бара бодови повторно на домашен терен, со Бутел Скопје.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф - прво коло
Тиквеш - Еурофарм Пелистер 24-43 (14-21)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 300
Судии: Виктор Андонов и Александар Вукашиновски
Тиквеш:
Панов, Велков, Печурица, Јовевски 1, Стојановски 5, Цејовиќ 2, Тодоров, Димовски 1, Лазов, Ѓорѓиев, Коцев 3, Симиќ 3, Ангелов, Атанасовски 3, Мијушковиќ 6, Јанчев
Седмерци: 1/0
Исклучувања: /
Еурофарм Пелистер:
Брестовац, Хаидарирад 1, Брестовац, Манасков 6. Видомски 2, Ристевски, Хакбарт 5, Тајник 2, Граховац 4, Хенигман 2, Радивојевиќ 3, Кузмановски 5, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ 5, Пешевски 1, Хосни 2, Пав. Атанасијевиќ 5
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Суперлигашите ги чека кратка пауза од лигашките натпревари, затоа што следат дуелите во Купот на Македонија.






