b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_02_gfxnbzxcnxbv.jpg

Во претпоследниот натпревар од регуларниот дел на сезоната, Еурофарм Пелистер 2 запиша лесна победа во Радовиш со 26-37 и ја оправда фаворитската улога. Екипата на Александар Зарков вторпат сезонава беше подобра од последнопласираната екипа на табелата.

Битолскиот тим дојде до полн плен кај фенерџијата и така го остави единствен без бодови во најдобриот наш шампионат. Радовиш беше близу до пелистерци само дваесетина минути, а потоа „зелено-белите“ влегоа во серија. Од 11-14, Пелистер замина на 11-17, потоа беше и 13-21, предност која гостинот ја имаше на паузата. Во вториот дел по само осум минути игра Еурофарм Пелистер поведе со двоцифрена разлика (17-27) и го приведе мечот во своја корист.

Петар Марковски имаше десет гола кај победникот, по пет додадоа Белистојаноски, Мохамед Азиз и Митревски, додека кај радовишани Славе Јанковски имаше осум, а Васе Петров вкупно шест гола.

Ракомет
Суперлига
2025/26
21. коло

Радовиш - Еурофарм Пелистер 2 26-37 (13-21)

Спортска сала „25 мај“ - Радовиш
Гледачи: 300
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Радовиш:
Паунов, М. Димов 2, Петров 6, Трајанов, Постолов, Трајчевски 2, Јанковски 7, Ристов, И. Димов 1, Велков, Ѓорѓиев, Трајанов, Ончев 3, Манасов, Костадинов 5
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, М. Фехми, Марковски 10, Лозановски 3, Гичев 1, Даневски, Митревски 6, Шулевски 1, А. Фехми 1, Дамчевски 1, Пецаковски, Славков 1, Белистојановски 5, Дрогришки 2, Мохамед Азис Бен Мафуд 6
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути

Во последното 22. коло Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен игра против Струга.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723