b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_02_635A7376.jpg

Шампионот Еурофарм Пелистер рутински ја одработи задачата на гостувањето против Радовиш, славејќи над „фенерџијата“ на табелата со убедливи 17-42. Неверојатното второ полувреме на избраниците на тренерот Алушовски ја направи победата супер-убедлива.

Резултатот по првото полувреме гласеше 11-16, но битолчани заиграа далеку посериозно во вториот дел, отворија со осум гола во низа, создавајќи двоцифрена предност што „зелено-белите“ рутински ја задржаа до самиот крај.

Најдобар поединец на паркетот беше Филип Кузмановски со девет гола, а солидни беа и Петар Атанасијевиќ и Рудолф Хакбарт со по седум гола, како и голманот Брестовац со десет интервенции и само пет примени гола. За домашниот тим прв стрелец беше Славе Јанковски со четири гола. Одлична веста за Алушовски е и враќањето на Цветан Кузманоски, кој се најде во протоколот за натпреварот, но не доби шанса. Сепак, неговото враќање по тешката повреда е многу блиско.

Ракомет
Суперлига 2025/26
20. коло

Радовиш - Еурофарм Пелистер 17-42 (11-16)

Спортска сала „26 април“ - Радовиш
Гледачи: 500
Судии: Методија и Михајло Илиевски

Радовиш:
Паунов 1, Ристов, М. Димов 1, Петров 2, С. Трајанов 1, Постолов, Трајчевски 1, Јанковски 4, И. Димов 2, Велков, Ѓорѓиев, Ф. Трајанов, К. Ѓорѓиев, Ончев 3, Манасов, Костадинов 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер:
Брестовац, Хеидерирад, Ристевски 1, Хакбарт 7, Кузманоски, Тајник 1, Хенигман 4, Кузмановски 9, Абутовиќ, Калајџиовски 4, Пет. Атанасијевиќ 7, Пешевски 3, Хосни 2, Хаџиќ 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Во следното 21. коло Еурофарм Пелистер в петок ќе го пречека Прилеп во пелагониското дерби.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723