b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_12_hfgnxcvncv.jpg

Битолски Еурофарм Пелистер 2 победи по три кола, на домашен терен беше подобар ривал од Пролет 62 (32-25) и така остана во трка за едно од местата кои водат во плеј-офот на домашната ракометна сцена. Екипата од Битола играше одлично од стартот, па првото полувреме го доби со 16-9, додека во вториот дел рутински ја обезбеди победата. Оваа победа е голема за пелистерци, затоа што доаѓа со еден од директните ривали за подобра позиција на табелата.

Мохамед Азиз Бен Махфоудх постигна 10 голови за Пелистер 2, додека Давор Палевски постигна седум погодоци за Пролет.

Ракомет
Суперлига 2025/26
18. коло

Еурофарм Пелистер 2 - Пролет 32-25 (16-9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, М. Фехми, Младенов, Марковски 7, Лозановски, Гичев 4, Велески, Митревски 4, Шулевски, А. Фехми, Димитровски 3, Пецаковски, Дрогришки, Л. Ѓорѓиевски, Мохамед Азис Бен Мафуд 10, Одфред Баптист 4
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути

Пролет:
Даскалоски, Солев, Трајковски 1, Јовевски, Јовиќ 2, Андоновски 1, Дамчевски, Костов 1, Димковски 1, Стојановски 6, Стоилевски 2, Дрпљанин 1, Палевски 7, М. Ѓорѓиевски, Давитковски, Мишевски 3
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 2 минути

Следи пауза во Суперлигата, а пролетниот дел почнува на 7 февруари со градското дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723