Првакот Еурофарм Пелистер прокнижи нови бодови на Суперлигата, откако како гостин славеше против Пролет со рутински 25-31. Два дена по поразот во Унгарија од ПИК Сегед, македонскиот првак вечерва одигра очекувано полсен меч во кој без многу мака стигна до посакуваниот исход, иако домашниот тим одигра квалитетно прво полувреме.
Победата фаворитот ја најави од самиот старт со водство од 0-5, а во продолжение се беше само рутинско одработување на задачата. Пролет најмногу што успеа да се доближи беше на „минус три“, повеќе од тоа не можеше. На одмор битолскиот клуб замина со водство од 11-14. Во второто полувреме предноста на актуелниот шампион одеше и до највисоки осум гола. На крајот избраниците на Гарабаја славеа со шест гола разлика.
Најдобар поединец на крајот беше Дејан Манасков со стопроцентен учинок (8/8), а на спротивната страна еден гол повеќе имаше Андреј Стојановски.
Ракомет
Суперлига 2025/26
13. коло
Пролет - Еурофарм Пелистер 25-31 (11-14)
Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари
Пролет:
Трајков, Солев, Трајковски, Глигоров, Василевски, Александров 1, Симовски 5, Андоновски 2, Лешниковски, Костов 2, Стојановски 9, Стоилевски 2, Дрпљанин, Палевски 1, Ѓорчевски 1, Давитковски 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Манасков 8, Видомски 2, Ристевски 2, Хакберт 3, Калид Валид, Хенигман 2, Радивојевиќ 6, Кузмановски 2, Калајџиовски 1, Пет. Атанасијевиќ 3, Пешевски, Хосни 1, Хаџиќ 1, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути
Во следното 14. коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Алкалоид Ракомет во Битола.
1 attachment
PEL-PRO-125.jpgjpg · 6.5 MB






