Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа рутински и убедлив триумф над Куманово со 45-20, во натпреварот од 11. коло во Суперлигата.
Бранителот на пехарот немаше никакви проблеми со претпоследниот тим на табелата и го разби со 25 разлика. „Зелено-белите“ уште во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот ако воопшто некој ги имаше, го добија овој период со 20:8 за да по одморот бидат уште поефикасни, подобри и го докрајчат противникот.
Кузмановски и Атанасијевиќ дадоа по седум гола, Цековски и Стојков пак имаа по четири реализации кај поразената екипа.
Ракомет
Суперлига 2025/26
10. коло
Еурофарм Пелистер - Куманово 45-20 (20-8)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Александар Шукоски и Иван Илиевски
Еурофарм Пелистер:
Хаидарирад, Мацанковски, Манасков 5, Цехте 3, Видомски 3, Ристевски 1, Хакбарт 6, Калид Валид 4, Кузмановски 7, Абутовиќ 2, Калајџиовски 2, Пет. Атанасијевиќ 7, Пешевски, Хосни 1, Хаџиќ 4, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Куманово:
Трајковски, Михајловски, Димевски 2, Димитров 1, Вујчевски 1, Цветковски 1, Цековски 4, Стојановски, Гуедес Керубим 3, Лазаревски, Крстаноски, Матачиќ 2, Иванов, Да Силва Фернандез, Стојков 4, Ончев 2, Михајловиќ
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 4 минути
Во следното 11. коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Бутел Скопје.






