Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес загубија од загубија ГОГ Гудме од Данска со 36-21 во полуфиналето на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони. Данскиот тим ја диктираше играта и ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар.
Веќе по првите 30 минути ГОГ Гудме водеше со пет голови предност, за на крај предноста да биде убедлива.
Најдобар стрелец кај ГОГ беше Емил Соренсен со осум гола, а Виљас Карбо имаше шест, додека кај пелистерци, Алем Хаџиќ и Карло Буторац стрелаа по четири пати.
Ракомет
Младински Лига на шампиони 2025/26
Полуфинале
Еурофарм Пелистер - ГОГ Гудме 21-36 (12-17)
Спортска сала „ТСВ Баер Дормаген“ - Дормаген
Гледачи: 700
Судии: Марија Корина Бадеа и Барбара Синтија Шандор
Еурофарм Пелистер:
М. Фехми, Ат. Трсунов, Буторац 4, Хаџиќ 4, Велевски 3, Лозановски 2, Спировски 2, С. Ѓорѓиевски 2, Симоновски 2, Лазаревски 1, Марковски 1, Трајчевски, А. Фехми, Ар. Трсунов, Л. Ѓорѓиевски, Ѓорѓиев
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
ГОГ Гудме:
Полсен 1, Кристенсен Јерна, Бек, Петковиќ, Соренсен 8, Карбо 6, Јакобсен 5, Мелдруп 4, Кирстајн 3, Кофед 3, Минстер 3, Јесен 2, Вулф 1, Далагер, Лаурсен, Јесперсен
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 6 минути
Во натпреварот за трето место Еурофарм Пелистер утре ќе се сретне со Барселона.